Втората национална конференција за граѓански организации

На 13 март во просториите на Ресурсниот центар за граѓанско општество се одржа Втората национална конференција за граѓански организации. Меѓу 22 учесници, 14 беа претставници на грантистите, а други беа претставници од институциите, ЕУД и други релевантни учесници. Главната цел на конференцијата беше да ги споделат искуствата и да извлечат заклучоци на тема "Модели на партнерства со локални / национални власти" - Научени лекции по спроведувањето на проектите во грантовата шема Активирај.

Сите грантисти имаа за цел да ги вклучат во своите презентации нивните успешни приказни, како и областите во кои тие имале тешкотии во постигнувањето на своите цели. Тие ги претставија својот предизвици и можни решенија за нив. По секоја презентација следуваше дискусија за нивните проекти и успехот, беа предложени добри идеи и сугестии за понатамошни чекори. Некои од организациите продолжија со својата втора фаза од проектите, а некои од нив успеаја да го добијат и вториот проект кој е финансиран од ЕУ. Претставникот на ЕУД беше многу задоволен од извонредниот успех на нашите грантисти и како успеаа да постигнат свои резултати, па дури и да имаат некои дополнителни резултати кои не беа предвидени во нивните проектни апликации.

 

Фото галерија: