ПЛАН ЗА ОБУКИ

Градење капацитети на граѓански организации, 11.05.2018 година

ВОВЕД

Проектот "Подобрување на активната вклученост  на македонските граѓански организации во  процесот на донесување на одлуки преку зајакнување на новооснованите граѓански организации" е финансиран од страна на ЕУ во програмата за граѓанско општество и медиуми од 2015.

Цел на проектот
Целта на проектот е да се подобри ситуацијата на  grass root граѓански организации во Македонија , дијалогот помеѓу граѓанскот сектор, посебно на вклученоста и зголемувањето на учеството на grass-root граѓанските организации во Македонија. Целта на проектот е да се зајакне нивниот влог во процесите на носење на одлуки и креирање на политиките на локалните и централните власти.

Период на спроведување
1 февруари 2017 – 31 мај 2019
Посебни цели на проектот

  • Подобрена околина на граѓанското општество за зајакнување на капацитетите на организирани граѓани, ефективно граѓанско учество во процесите на политиките на сите нивоа, подобра законска рамка, функционирање и финансирање на граѓанските организации;
  • Овозможени механизими за поддршка за одржлив развој на граѓанските организации;
  • Зајакната интеракција меѓу властите и граѓанските организации на централно и локално ниво;
  • Подобрено внатрешно владеење, вмрежување, профилирање, градење база со конституентите и видливост на граѓанските организации;
  • Зголемена јавна свест за улогата на граѓанските организации.

Целни групи
- Македонски граѓански организации;
- Централни владини тела;
- Единици на локална самоуправа;
- Институции одговорни за програми за поддршка на локалните заедници; 
- Парламентарен комитет одговорен за политики;
- Медиуми;
- ЕУ институции; и
- Клучни чинители фокусирани на процесот на креирање на поддржувачка стимулативна партиципативна демократија.

Методологија
За имплементирање на активностите за градење на капацитетите, проектниот тим ги користи следните методологии: "Learning by doing" и "Leading by Example".

ЦЕЛ

Општа цел на задачата е Градење на капацитетите на ГО во полињата на ефикасен и одржлив организациски менаџмент, управување со проектен циклус и мобилизирање на дополнителни средства. За спроведување на активностите за градење капацитети, како добар пример се покажа методологијата "Learning by doing". Методологијата "Learning by doing" и добивање поддршка, надзор, практичните и теоретските насоки се покажа како најефикасен начин за пренесување на знаењето и намалување на просторот за грешки. Се предвидува дека овој процес ќе ја достигне целта преку градење на капацитети / обуки, кои ги рефлектираат и анализираат научените лекции, на структуриран начин и менторска програма усвоена за потребите на секоја ГО.
Значителен дел од активностите за градење на капацитетите, курикулумот ќе се заснова на презентација на добрите практики и научените лекции од граѓанските организации од Македонија.

СПЕЦИФИЧНИ ЦЕЛИ

  • Подобро разбирање и зголемено знаење и вештини за раководење со проекти;
  • Разбирање на циклусот на раководење со проекти;
  • Знаење и вештини за проектно планирање насочено кон цели;
  • Знаење за подготовка на проектен буџет и проектна апликација;
  • Знаење за клучните елементи на раководењето со луѓето;
  • Клучни информации за мобилизација на фондови за рурални граѓански организации;
  • Преглед на можности на финансирање преку подготовка на проекти;
  • Основни совети за подготовка на концепти ноти и целосни апликации.

ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ

Лица кои имаат големо знаење и искуство во секторот за економски развој, социјален развој, животна средина, младинска култура и спорт. Постои голема потреба да се применат целото позадинско знаење и техничка поддршка на глобално и теренско ниво со цел да се обучуваат и менторираат грантистите.

СТРАТЕГИЈА И ПРИСТАП

ИЗВОРИ НА КОРИСТЕЊЕ

Без разлика дали обуката се одвива внатрешно за потребите на нови кадри, а изведена од постоечки, поискусни кадри во организацијата или се ангажира надворешен експерт/обучувач, Планот за обука дава добра основа како да се испланира и изведе оваа активност. Доколку обуката се одвива внатрешно и се користат внатрешни човечки ресурси за изведба на обуката, задолжително да се користат примери од секојдневното работење на самата организација, како и извори за обука (концепт ноти, логичка рамка итн.

МЕТОДОЛОГИЈА

Методологијата "Learning by doing" се користи со цел на најефикасен начин да може да се подели знаењето, како и да се намали можноста за грешка во исто време прифаќајќи поддршка, супервизија, практично и теоретско менторство. Се смета дека овој процес ќе биде постигнат пеку градење на капацитет/ сесии за обука кои ги рефлектираат и анализираат научените лекции на структуриран начин. Дополнително, обуките се засноваат на интерактивен пристап и трансфер на знаење како иновативна акција во оваа методологија. 
Постојат 4 главни аргументи на методологијата "Learning by doing":

  • Симулација на реалност,
  • Менаџмент на неуспех,
  • Потреби за резултати и
  • Различни улоги на обучувачите

Правила кои се почитуваат за време на обуката:

  • Сесиите почнуваат на време,
  • Мобилни телефони на тивко,
  • Прашања,
  • Дискусии – на темата,

Се почитува мислењето на сите.

РЕСУРСИ ЗА ОБУКА

Потребни се вообичаени материјали за обука: лаптоп, презентации, видео проектор, табла, дополнителните  материјали за студии на случај и практични примери, формулари за евалуација. 

МАТЕРИЈАЛИ

Материјали на пакетот за обука

  • - Влезни и излезни прашања за проверка на знаење
  • - Презентации
  • - Основни материјали за вежби
  • - Листи на дополнителни материјали
  • - Евалуациски формулар

ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

За 20 граѓански организации потребни се 3 обучувачи кои ќе бидат со 3-5 годишно искуство во делот на јакнење на капацитети на граѓанските организации и кои ќе ја водат обуката од времетраење на 5 дена (8 часа дневно).

ОКОЛИНА

Конференциска сала во кино систем за одржување на обука за 20 учесници кои комотно можат да ја следат обуката. 
Дополнително се потребни и места за работа во групи каде ќе може да се организираат учесниците во групи од 5 учесници без да си сметаат меѓусебно.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ОБУКАТА

ДЕН 1    - 8 ЧАСА

Раководење со проектен циклус, анализа на проблеми, анализа на цели

ДЕН 2    - 8 ЧАСА

Логичка рамка и логика на интервенција, предуслови и претпоставки, индикатори и извори за верификација,

ДЕН 3    - 8 ЧАСА

Алокација на ресурси, подготовка на буџет, раководење со човечки ресурси

ДЕН 4    - 8 ЧАСА

Мобилизација на фондови, преглед на повици и начин на идентификација на можности за аплицирање

ДЕН 5 – 8 ЧАСА

Основно знаење за подготовка на проектни апликации / концепт ноти

ЕВАЛУАЦИЈА НА ОБУКАТА

Потребно е да се спроведе евалуација после секоја одржана обука со цел да се видат добрите страни, но и областите каде обуката треба да се измени за да го постигне посакуваниот резултат за зголемување на знаењето кај учесниците.
За таа цел се користи  Формулар за евалуација кој е во Прилог на овој План за обуки.

ПРИЛОГ А: ПРЕЗЕНТАЦИИ ЗА ОБУКА

ПРИЛОГ Б: ФОРМУЛАР ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА ОБУКИ