ОДДРЖАНА НАЦИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА за ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО

На 26.04.2018, четврток во хотелот Романтик во Велес беше одржана Национална конференција за граѓански организации,  организирана од ПРЕДА Плус и АСБ како дел од нивните активности за мрежно поврзување, размена на искуства меѓу грантистите и дискусија на интересни теми.

Секоја организација, грантист имаше можност да се претстави, во кратки црти да го претстави проектот на кој работи, како и моделот на активности за партнерство / лобирање или застапување кон локалната / централната власт кој се планира да се преземе во текот на целиот проектен циклус.

Работата во групи се покажа како добар начин за дискусија и отворање на прашања од секторот во кој организациите делуваат и тоа:

  • економски развој, технологија и иновации,
  • здравство, социјална работа и хуманитарна работа,
  • младински активизам / спорт и рекреација,
  • екологија, животна средина и животни / хоризонтални теми

Посебно внимание и се обрна и на дискусијата околу изработката на предлог стратегијата изработена од Владата на Р. Македонија за соработка со и развој на граѓанскиот сектор 2018-2020, на која граѓанските организации дадоа нивни коментари и предлози за тоа како би можеле да бидат решени или ослеснати нивните проблеми.

Коментарите заедно со предлозите за измена и дополнување на предлог стратегијата изработена од Владата на Р. Македонија за соработка со и развој на граѓанскиот сектор 2018-2020 беа доставени од тимот на ПРЕДА Плус до Владата на Република Македонија, одделението за соработка со граѓански организации.

Фото галерија:

 

Прашања и одговори

1. Дали е задолжителна регистрацијата на грантовите во Секретаријатот за Европски Прашања и Управата за Јавни Приходи?
- Донациите кои доаѓаат во вид на грантови од страна на комисијата од Европската Унија мора да бидат регистрирани во базата на СЕП како странски средства. Регистрацијата на проектот во УЈП не е задолжителна доколку организацијата има доволно капацитет да ги покрие трошоците околу данокот на додадена вредност, но е препорачлива.

2. Дали организацијата мора да биде активна и присутна на сите настани кои ги организирате?
- Сите активности кои се организирани од наша страна се задолжителни за сите организации и присуството на активен член на проектот е задолжително. Во случај на итни случаеви или непогоди соодветно известување треба да биде доставено.

3. Каков е начинот на контактирање со лицето назначено за контакт?
- Сите прашања, барања и консултации би требало да бидат искомуницирани по електронски пат со праќање соодвете емаил до лицето кое е за назначено за контакт на проектот.

4. Дали е задолжително отворање нова подсметка за реализација на проектот?
- Отворање на подсметка за реализација на проектот не е задолжителна. Организацијата треба да се раководи според сопствените правила и регулативи кои се усвоени на ниво на организација.

5. Административните документи поврзани со реализацијата на проектот дали треба да бидат на македонски или англиски јазик?
- Документите кои се поврзани со имплементацијата на проектот не е задолжително да бидат на англиски јазик, кога станува збор за известувањето односно наративните и финансиските извештаи потребно е тие да бидат на англиски јазик според примерот кој е веќе доставен.

6. За време на имплементацијата на проектот имаме банкарските провизии, дали и тие може да бидат прикажани во финансискиот извештај?
- Комисијата на Европската Унија препорачува банкарските сметки да не се прикажуваат во финансиските извештаи затоа што не се подобни трошења кои би можеле да бидат подмирени од страна на грантовите кои се од ЕУ.

7. Дали е потребен извештај за месечните активности за секој месец и за секој вработен?
- Да, потребен е извештај за месечните активности според примерот Time sheet во истиот се внесуваат сите активности кои биле превземени во текот на месецот, за сите кои се активни на проектот. Исто така, извештај за активностите препорачливо е да имаат и лицата кои се ангажирани како консултанти или истражувачи.

8. Дали мора да има три понуди за секоја навабка?
- Препорачливо е да се имаат минимум три понуди за секоја набавка со цел да се прикаже процесот на избор на компанија/личност и да се избегне пристрасноста.

9. Потребна ни е измена во буџетот, дали е тоа возможно?
- Доколку организацијата забележе некоја варијација во буџетот и темпото со кое се реализираат трошоците, организацијата е должна да испрати официјално известување и да потенцира каде е настаната варијацијата и барање за измени. Доколку измената е одобрена, во тој сличај организацијата ќе може да продолжи со имплементацијата со изменет буџет. Најдобар период за барање за некаква измена е периодот кога се доставува финансискиот извештај за првата половина од имплементацијата на проектот.

10. Лицата кои ги пријавивме дека ќе работата на имплементацијата на проектот не се во можност да го реализираат, дали смееме да ги замениме?
- Во случај некое од лицата кои биле пријавени за време на апликацијата за проектот и е одобрена, а не можат да бидат активни за истиот може да се заменат со други кои ја имаат истата компетентност како првите. Организацијата е должна да испрати известување и барање за замена, заедно со CV од новот лице кое би било активно.