Одржани се координативни состаноци со Граѓанските Организации од Делчево, Гостивар и Дебар

На 30 и 31 октомври 2017, тимот на проектот „Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации вo процесот на донесување на одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации“ одржа координативни состаноци со граѓански организации кои работат на локално и регионално ниво, а се стационирани во Делчево, Гостивар и Дебар. Серијата состаноци со граѓански организации ја поддржува идејата на проектот за допринес кон  рамномерниот регионален развој и еднаков пристап до информации и поддршка за сите граѓански организации.

Фото галерија:

Граѓанските организации ги презентираа своите тековни но и планирани активности, апрокетниот тим се осврна на можностите за поддршка во рамки на проектот, и воспостави канал на комуникација со идентификуваните граѓански организации од регионот за нивна активна вклученост во координативните тела на граѓански организации.

Фото галерија:

 

На координативниот состанок во Делчево, одржан во Регионалниот центар за застапување, 6 граѓански организации од градот и регионот учествуваа на состанокот каде се дискутираа локалните иницијативи и идеи за предлог-проекти, како и секторите во кои работат и кои би можеле да бидат поддржани во рамки на проектот. Се дискутираше и нивото на поддршка од локалната самоуправа и бизнис секторот, но и соработката со останатите ГО во поглед на заеднички активности кои би можеле да резултираат со регионални проекти.

Фото галерија:

На координативниот состанок во Гостивар, одржан на 31.10.2017 во АДИ (Асоцијација за демократски иницијативи),  9 претставници на граѓански организации од Гостивар учествуваа на координативниот состанокот каде се дискутираа модалитатеите согласно кои секторските групи на координативните тела би функционирале ефективно во Гостивар и Полошкиот регион. Секторски наспроти регионлаен фокус со директно вклучување на локланите структури и месните заедници за поддршка на дела од таргет групите со кои работат ГО во Гостивар беа дел од препораките кои ГО ги дадоа и дискутираа.

Фото галерија:

На координативниот состанок во Дебар, одржан во Центарот за одржлив развој на заедницата на 31.10.2017,  11 претставници на граѓански организации од Дебар учествуваа каде се дискутираа иницијативите за рурален развој, млади и алтернативни форми на туризам, како и иницијативи за инклузивност на Ромското население од Дебар. Претставниците на општина Дебар учествуваа на состанокот и ги поттикнаа ГО да бараат поддршка од локалната власт но и да излегуваат со прелози и мерки за развој и подобрување на секторите во кои работат.