Одржана e осмата Јавна Дебата во Куманово со граѓнските организации од Северо-источниот Плански Регион

На 25.10.2017, среда, во хотел Сателит, во Куманово, беше одржана осмата јавна дебата во рамки на проектот „Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации вo процесот на донесување на одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации“.

Проектниот тим ги запозна граѓанските организации со тековните и идни активности во рамки на проектот, и воспостави канал на комуникација со идентификуваните граѓански организации од регионот за нивна активна вклученост во координативните тела на граѓански организации.

Фото галерија:

Јавната дебата беше една од најинтерактивните во низата на дебати во рамките на проектот, каде претставниците на ГО од северо-источниот плански регион дискутираа за механизмите и успешните модели на активно вклучување на Граѓанските Организации во нивните локални заедници. Претставници од 10 граѓански организации кои работат во регионот но и имплементираат проекти и активности и на национално ниво, учествуваа на дебатата и со своите излагања дадоа низа примери и релевантни информации за потврдување на секторите со потреба за поддршка но и потенцијал за промени во нивните градови и регион. Секторите економски развој, животна средина, млади и образование дадоа низа примери на активна вклученост на ГО во овој регион. Се дискутираше и нивото на поддршка и вклученост, како и тековните иницијативи и проекти на граѓанските организации од регионот. Дебатата резултираше и со низа предлози поврзани со идните активности во рамки на проектот односно начинот на анимирање на ГО кои би дале свој придонес во ефективното фукцнионирање на координативните тела во рамки на проектот.