Одржани се четири Јавни Дебати со граѓанските организации од Полошкиот, Источниот, Вардарскиот и Југо-западниот Плански Регион

Низата јавни дебати низ Македонија продолжи со четири настани во првата половина на месец Октомври 2017, во чии рамки претставници на 45 граѓански организации од различните региони дискутираа за моделите на нивно досегашно активно вклучување во секторите во кои делуваат.

Серијата јавни дебати има за цел потврдување на моделите на поддршка за што поефективна вклученост на граѓанските организации, како и потврдување на секторите во кои граѓанските организации ќе бидат поддржани во рамки на проектот „Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации вo процесот на донесување на одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации“.

Втората Јавна Дебата се одржа на 03.10.2017 во Тетово со граѓанските организации од Полошкиот Плански Регион, каде организациите од Полошкиот регион ги претставија своите моментални и планирани активности и ги споделија искуствата на нивна досегашна вклученост во процесите на донесување одлуки.

Фото галерија:

Третата Јавна Дебата се одржа на 04.10.2017 во Штип со граѓанските организации од Источниот Плански Регион, каде претставниците на организациите од Штип ги споделија предизвиците со кои се соочуваат на локално ниво, органичените можности за поддршка и интер-секторска соработка, како и нивните предлози за понатамошно вклучување во координативните тела на ГО во рамки на проектот.

Фото галерија:

Четвртата Јавна Дебата се одржа на 06.10.2017 во Велес со граѓнските организации од Вардарскиот Плански Регион, каде акцент се стави на потенцијалните локални интер-секторски иницијативи кои произлегоа во рамки на самата дебата. Досегшаните успешни приказни и модели беа споделени, а претставниците на организациите од Вардарскиот регион го изразија и својот интерес за вклучување во идните проектни активности презентирани од Проектниот Тим.

Фото галерија:


Петтата Јавна Дебата се одржа на 10.10.2017 во Струга со граѓнските организации од Југо-западниот Плански Регион, каде претставниците на граѓански организации од Струга, Охрид, Дебар и Кичево доскутираа за потенцијалите и потребата од вмрежувања со организации од ЕУ како и нивните досегашни искуства од имплементација на мали акциски грантови и нивниот импакт на локално ниво.
Проектниот тим ги запозна граѓанските организации со тековните и идни активности во рамки на проектот, и воспостави канал на комуникација со идентификуваните граѓански организации од регионот за нивна активна вклученост во координативните тела на граѓански организации.

Фото галерија: