Одржана e шестата Јавна Дебата во Скопје со граѓнските организации од Скопскиот Плански Регион

На 17.10.2017, вторник, во хотел Бест Вестерн, Скопје, беше одржана шестата јавна дебата во рамки на проектот „Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации вo процесот на донесување на одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации“.

Јавната дебата беше една од најпосетените во низата на дебати во рамките на проектот, и присутните дискутираа на тема Модели на активно вклучување на Граѓанските Организации. Над 50 граѓански организации од Скопскиот Плански Регион кои работат во регионот но и национално ниво учествуваа на настанот и со својата активна вклученост дадоа релевантни информации за потврдување на секторите со потреба за поддршка но и потенцијал за промени. Се дискутираше и нивото на поддршка и вклученост, како и тековните иницијативи и проекти на граѓанските организации од регионот. Дебатата резултираше и со низа предлози поврзани со идните активности во рамки на проектот односно наинот на фукцнионирање на координативните тела.

Проектниот тим ги запозна граѓанските организации со тековните и идни активности во рамки на проектот, и воспостави канал на комуникација со идентификуваните граѓански организации од регионот за нивна активна вклученост во координативните тела на граѓански организации.

Фото галерија: