Одржана е седмата Јавна Дебата од серијата јавни дебати низ Македонија

На 19.10.2017, среда, во хотел Глигоров, Струмица, се одржа седмата јавна дебата во рамки на проектот „Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации вo процесот на донесување на одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации“.

Јавната дебата е дел од низата на дебати во рамките на проектот, и присутните дискутираа на тема – Модели на активно вклучување на Граѓанските Организации. Претставници на 11 граѓански организации од Југо-источниот Плански Регион кои работат на локални и регионални иницијативи дискутираа и дадоа препоракии за потврдување на секторите со потреба за поддршка но и потенцијал за промени во нивниот регион. Се дискутираше и нивото на поддршка и вклученост, како и тековните иницијативи и проекти на граѓанските организации од регионот.

Проектниот тим ги запозна граѓанските организации со тековните и идни активности во рамки на проектот, и воспостави канал на комуникација со идентификуваните граѓански организации од регионот за нивна активна вклученост во координативните тела на граѓански организации.

Фото галерија: