Одржани се првите два координативни состаноци со Граѓанските Организации од Кавадарци и Гевгелија

На 20.10.2017, четврток, тимот на проектот „Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации вo процесот на донесување на одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации“ ги одржа и првите два координативни состаноци со граѓански организации кои работат на локално и регионално ниво, а се стационирани во Кавадарци и Гевгелија.
Проектниот тим ги запозна граѓанските организации со тековните и идни активности во рамки на проектот, и воспостави канал на комуникација со идентификуваните граѓански организации од регионот за нивна активна вклученост во координативните тела на граѓански организации.

На координативниот состанок во Кавадарци, одржан во х. Фени, 23 претставници на граѓански организации од градот и околината учествуваа на состанокот каде се дискутираа нивните тековни проекти и иницијативи, како и секторите во кои работат и кои би можеле да бидат поддржани во рамки на проектот. Се дискутираше и нивото на поддршка и вклученост, соработката со бизнис секторот од градот, но и соработката со локалната самоуправа во поглед на поддршка на граѓанските иницијативи и проекти.

На координативниот состанок во Гевгелија, одржан во Регионалниот Центар за одржлив развој,  11 претставници на граѓански организации од Гевгелија учествуваа на координативниот состанокот каде се дискутираа секторите во кои работат и кои би можеле да бидат поддржани во рамки на проектот но и нивните препораки поврзани со предлог-иницијативи или модели на фукнционирање на координативните тела понатаму.

Фото галерија: