Одржана e првата Јавна Дебата во Битола со граѓнските организации од Пелагонискиот Плански Регион

На 27.09.2017, среда, во хотел Театар, Битола, беше одржана првата јавна дебата во рамки на проектот „Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации вo процесот на донесување на одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации“.

Јавната дебата беше почетна од низата на дебати во рамките на проектот, и присутните дискутираа на тема ,,Модели на активно вклучување на Граѓанските Организации. Над 22 граѓански организации од Пелагонискиот Плански Регион учествуваа и со својата активна вклученост дадоа релавтни информации за секторите на дејствување на граѓанските организации во пелагонискиот регион, нивото на поддршка и вклученост, како и за тековните иницијативи и проекти на локалните и новооснованите граѓански организации од регионот.

Се дискутираа моделите и механизмите за полесно и поефективно вклучување на граѓанските организации во процесот на донесување на одлуки и промоција на граѓанските организации. Од дебатата произлегоа и низа предлози поврзани со идните активности во рамки на проектот, како и иницијативи за воспоставување на соработка помеѓу граѓанските организации кои се дел од иста област на дејствување, но и потреба за зајакнување на веќе воспоставените партнерства.

Проектниот тим ги запозна граѓанските организации со тековните и идни активности, и воспостави канал на комуникација со идентификуваните граѓански организации од регионот.

Фото галерија: