Опис на проектот

Проектот „Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации вo процесот на донесување на одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации“ финансиски е поддржан од Европската Унија, во рамки на програмата за Граѓанско Општество и Медиуми, а го имплементираат Фондацијата за одржлив економски развој ПРЕДА Плус заедно со  АСБ.

  • Датум на имплементација: 01.02.2017 – 31.05.2019

Проектот има цел да ја нагласи потребата за вклученост на граѓанското општество за да се воведат во пракса политиките и одлуките на централната власт, со тоа што ќе се обезбеди учество на претставниците на граѓанските организации. Пристапот „од дно до врв“ ќе се користи за организација на национални и регионални граѓански организации мрежи/коалиции со дефинирање на заедничкиот интерес на новооснованите и граѓанските организации.

Зајакнатото граѓанско општество може да игра важна улога во партиципативната демократија, особено при справување со проблемите поврзани со економскиот и социјалниот развој. Актерите на граѓанското општество и организациите може да дадат значителен придонес преку повикување на многу од овие проблеми преку нивно лобирање, пропагирање и надзор на активности на национално, регионално и локално ниво. Исто така, вклученоста на граѓанското општество во претпристапниот процес во Македонија може да придонесе во зголемување на граѓанското разбирање на реформите кои една земја треба да ги спроведе за да се квалификува за ЕУ членство.

 

Граѓанските организации имаат формално управување и системи за менаџирање, но им недостасуваат механизми кои ќе ја гарантираат нивната функционалност во пракса. Законот ги обврзува регистрираните граѓански организации да имаат јасни организациони структури, и ги дефинира одговорностите на собранијата/одборите и менаџментот како дел од процесот за регистрација, но и покрај тоа само понапредните граѓански организации ги имплементирале овие поделби.

 

Преку граѓански иницијативи, и граѓанските организации и новооснованите организации може да имаат повеќе можности за бенефити од инситуциите, од искуство на поискусни граѓански организации, мрежи на граѓански организации и пристап до дополнителни финансиски ресурси. Граѓанските организации се главно изолирани од јавноста заради фактот дека се тесно поврзани со општеството без да се изложени на донатори. Стандардизациите и развојот на планови за давање услуги и јавно финансирање се трета цел на Владината стратегија за соработка со граѓанското општество, притоа давајќи и продуктивна средина.

Организациите кои се дел од овој Проект, кои имаат разновидно искуство ќе ги обработат темите од различни перспективи, давајќи подетална експертиза. Проектот ќе ја нагласи потребата организациите од граѓанското општество да бидат поттикнати да управуваат со средства како ефективни и одговорни независни учесници. Државните власти ќе ги препознаат граѓанските организации како еднакви партнери во имплементацијата на идните планови, здружувањето со граѓанските организации е битен ресурс за ефективна имплемтација на политиките и учеството. Националните и локалните власти треба да ги препознаат организациите од граѓанското општество како еднакви партери во имплементацијата на идните планови за пошироката јавност. На националните и локалните власти со сигурност им треба поддршка за развој на стратешка документација, проследена од акциски планови на регионално и локално ниво.